Во САД поднесена првата приватна тужба до „Боинг“ за уривањето на 737 Макс

Од:

Првата приватна тужба поврзана со катастрофата на авионот на „Боинг“, 737 Макс, во Етиопија денеска беше поднесена во суд во САД, јави агенцијата Итар-Тасс.

Според Игор Трунов, адвокат кој ги брани интерсите на жртва во трагедијата чии роднини се од Канада, се подготвуваат тужби на уште 15 семејства на загинати.

– Првата тужба до компанијата „Боинг“ за отштета е поднесена во суд во округот Кук во Чикаго. Висината на побараната отштета изнесува 50 милиони долари, изјави адвокатот.

Тужбата е поднесена од семејството на загинатиот 54-годишен Дерик Љуги, претседател на Фондацијата на кениските граѓани во Калгари член на одборот на директори на компанијата „Абинго Асошиејшн Канада“. Тој беше татко на три деца.

Како што е веќе познато, патнички авион „Боинг“ модел 737 Макс 8 на авиокомпанијата „Етиопијан ерлјанс“ на 10 март се урна во Близина на Адис Абеба при што загинаа сите 157 лица во летот. Неколку месеци претходно, поточно лани на 29 октомври, истиот модел на авион се урна во крајбрежјето на Индонезија, кога загинаа сите 189 патници и членови на екпажот.

По катастрофата во Етиопија, сите земји во светот забранија прелети на овие авиони во нивните воздушни пространства. Компанијата во март не продаде ниту еден Бионг 737 и го намали производството за 20 отсто.

Многу авиокомпании побараа од „Боинг“ компензација за лежарина на своите 737 Макс. Еден од акционерите на авиокомпаниите ја даде на суд со образложениа дека во „Боинг“ криеле за проблемите со авионите од овој модел.

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес