Во САД од Ковид-19 веќе умреа 200.000 лица, Трамп: Штета што тоа се случи

Од:

На шест недели пред претседателските избори во САД од Ковид-19 веќе умреа околу 200. 000 лица, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс.

Кога водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи во март предвиде дека Ковид-19 може да убие толкава бројка Американци, скептиците остро го критикуваа и го обвинија за поттикнување страв. Но, Фаучи беше во право, и САД ја надминаа таа црна бројка многу порано отколку што некои експерти предвидуваа.

Од првата официјална смрт во САД на 6 февруари, во просек дневно умираа повеќе од 858 лица. Вкупниот број на жртви од Ковид-19 сега го надминува бројот на убиени Американци во последните пет војни заедно: Корејската, Виетнамската, Ирачката, Авганистанската и војната во Персискиот залив.

Претседателот Доналд Трамп накратко го искоментира фактот дека во САД досега умреле 200.000 луѓе од инфекција со коронавирус.

-Па, мислам дека е штета што тоа се случи, рече Трамп.

Американскиот претседател на редовниот дневен брифинг во Белата куќа повторно ги игнорираше дополнителните новинарски прашања во врска со црната бројка и го сврте разговорот во неговата вообичаена насока: обвинувајќи ја Кина за коронавирусот и велејќи дека бројот на загинати ќе беше многу поголем ако не преземеше одредени мерки.

-Мислам дека ако не го сторивме тоа како што треба, сега ќе имавме два и пол милиони смртни случаи. Ако ги погледнете алтернативите, може да имате два и пол милиони смртни случаи или нешто слично. Можевте да имате бројка што ќе беше многу поголема”, рече Трамп.

“Го видовте мојот говор во Обединетите нации, Кина можеше да го запре вирусот во нејзините граници. Тие не требаше да дозволат ова да се прошири низ целиот свет и тоа е страшна работа”, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата