Четворица членови на меѓународна хакерска мрежа се обвинети за кражба на софтвер и на информации во вредност од над 100 милиони долари, соопшти Министерството за правда во САД.
Некои од украдените софтверски производи и податоци биле користени за обука на воени пилоти, а другите биле поврзани во играта „Ексбокс“ на компанијата „Мајкрософт“.
Двајца од обввинетите, 28-годишен маж од Њу Џерси и 22-годишен Канаѓанец се изјасниле за виновни.
Според обвинителството хакерите овозможиле нелегален пристап до компјутерските мрежи на „Мајкрософт“ и некои партнери на компанијата во периодот од јануари 2011 до 2014 година. Хакерите се обвинети и за упад во мрежата на американската армија за да го украдат софтверскиот симулатор на воениот хеликоптер „Апачи“.
Тие уапднале и во системот на „Зомби студиос“, која разработува видео-игри, но и произведува софтвер за тренирање на армијата.