Американскиот претседател Барак Обама беше предмет на најголем број шеги и вицеви во својата држава од почетокот годинава.
Резултатите од анкетата на Центарот за медиуми и јавни работи на Универзитетот Џорџ Мејсон покажаа дека во првите шест месеци од 2013 година, комичарите Џејн Лино, Дејвид Летерман, Џими Фалон, Крејг Фергусон и Џими Кимел најмногу шеги направиле на сметка на Обама и демократите.
Како што пренесува „Асошиејтед прес“ Обама беше предмет на 288 шеги, кој што се емитуваат на американските телевизии.
Втор најдобар „материјал“ за шеги во минатиот период беше кандидатот за градоначалник на Њујорк, Ентони Винер, за кого имаше дури 120 шеги. Тој број може да се зголеми, бидејќи истражувањето е направено пред Винер да се најде во еден секс скандал.
Минатата година, републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни и републиканската партија беа убедливи победници по бројот на вицеви, двојно повеќе отколку Обама и неговата партија.
Елена Георгиевска