Во САД има десет пати повеќе заразени од официјалните бројки, проценуваат здравствените власти

Од:

Според проценки на експерти од американската администрација, повеќе од 20 милиони Американци се или би можеле да бидат заразени со коронавирусот или десет пати повеќе од официјалната бројка во моментов, соопштија сдравствените власти.

Новите откритија укажуваат на тоа дека голем број луѓе имале или имаат Ковид-19, а немале препознатливи симптоми, тврди Националниот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) врз основа врз серолошките тестови со кои се утврдува присуството на антитела на коронавирусот.

Доколку студијата за ЦДЦ се покаже како прецизен индикатор, процентот на смртни случаи од Ковид-19 во САД ќе биде помал отколку што претходно се сметаше, но вкупно ќе починат повеќе луѓе, објаднуваат експертите.

Повеќе од 120.000 луѓе умреа во САД откако во земјата на 11 март беше прогласена епидемија.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија