Во САД бројот на починати од Ковид-19 достигна 800.000 лица

Од:

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во СAД достигна 800.000, додека земјата се подготвува за потенцијален нов бран поради повеќе собири во затворени простории во текот на зимските месеци и високо заразниот сој Омикрон.

Бројот на жртви од коронавирусот во САД сега го надминува целото население на Северна Дакота. И покрај достапноста на вакцината, оваа година беа изгубени повеќе животи отколку во 2020 година поради брзото ширење на Делта сојот и одбивањето на милиони Американци да се имунизираат.

Од почетокот на оваа година, повеќе од 450.000 луѓе во САД починале по инфекција со Ковид-19, што е 57 отсто од вкупниот број смртни случаи од коронавирус од почетокот на пандемијата.

Годинава најголем дел од починатите биле невакцинирани, велат здравствените експерти. Бројот на жртви е зголемен и покрај напредокот во лекувањето на пациентите со Ковид-19 и новите третмани.

Би можело да ве интересира

Конгресот ги укина барањата за вакцинација против Ковид за странските патници

Ентони Фаучи, советникот на Бајден за ковид, позитивен на коронавирус

САД: Бројот на случаи на Ковид-19 е тројно зголемен за еден месец

Американските авиокомпании бараат укинување на тестирањето за вакцинираните против Ковид

Рекордни 1,13 милиони новозаразени со Ковид-19 за 24 часа во САД

САД го преполовија рокот за изолација за Ковид