Рекордни 32 Целазиусови степени се измерени денеска во рускиот град Норилск, кој се наоѓа над Северниот поларен круг.
Тоа е 0,1 степени повеќе од претходниот рекорд измерен во јули 1979 година.
Земјата во Норилск во Краснојарската област во Западен Сибир е замрзната во поголемиот дел од годината. Периодот на голем студ трае по околу 280 дена во годината.
Метеоролозите предвидуваат дека жителите на Норилск ќе имаат топло лето до 26 јули.