Во Русија зголемен број на имигранти

Од:

Повеќе од три милиони луѓе секоја година, во потрага по подобар живот ги напуштаа државите во кои се родени, а голем дел од нив „спас“ гледаат во Русија. Само во последните четири години, бројот на имигранти во Русија е зголемен на 11 милиони.

Во потрагата по подобар живот, не им пречи што ниту државата, ниту општеството не им помагаат да најдат пристојна работа и што десничарските политичари на нив гледаат како на смет. Сето тоа важи за физичките работници кои претежно работат на бројни градилишта.

Речиси цели села во Таџикистан во летниот период остануваат без мажи, бидејќи стотици илјади од нив заминуваат во Русија, за да најдат работа како физички работници.

Мал број интелектуалци од имигрантите помалку или повеќе се интегрирани во животот во Русија, додека останатите живеат во ефтини хостели. Дел поради тоа што многу од имиграционите заедници се привремени, а дел и поради официјалната политика која забранува групирање.

Од друга страна меѓу Русите расте недоверба кон нив. Според последното истражување дури 76 проценти од Русите сметаат дека треба да се ограничи бројот на имигранти, а само 12 проценти имаат позитивно мислење за мигрантите од Кавказ.

Но и државите како Данска, Норвешка и Шведска кои важат за прогресивни и леберални имаат пристап кон имигрантите, кој не го оправдува тој нивен имиџ.

Данска се соочува со стагнација на производството и се поголема социјална нееднаквост, а Норвешка со пад на цената на нафта. Норвешка од 2010 година прими 150.000 имигранти, но оваа година депортира повеќе од 7.000. Се очекува дека токму поради имигрантите, идната година во Данска да профитира десничарската Данска народна партија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници