Во Русија донесен закон кој предвидува казни за „лажни вести“

Од:

Рускиот Парламент денеска донесе закон кој предвидува казни до 1,5 милиони рубљи (22.750 долари) за „лажни вести“.

– Регулаторно телото за медиумски мониторинг Роскомнадзор ќе им препорача на медиумите да ги избришат материјалите, кои предизвикуваат немир, се наведува во соопштението на Државната Дума, Долниот дом на рускиот Парламент.

Доколку посочената содржина не биде отстранета, властите ќе ги задолжат интернет провајдерите да ја блокираат адресата.

Минатата недела „Репортери без граници“ ги повика интернет платформите „да се спротивстават на притисокот на руската Влада и да ја заштитат слободата на изразување“.

Организацијата за слобода на медиумите посочи голем број веб-страници, блокирани во Русија, но достапни од Германија.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот