Во Романија учебната година почнува денеска без учебници за прво и второ одделение

Од:

Учениците од прво и второ одделение во Романија почнуваат денеска со учебната година, но без книги бидејќи Министерството за образование не успеа да заврши со тендерот за учебници, објави весникот „Романија либера“.

– Бидејќи програмата се промени, учениците не може да ги користат старите учебници, изјави главниот просветен инспектор на Букурешт, Константин Траистару.

Весникот наведува дека за скандалот досега никој не презел одговорност.

Премиерот Виктор Понта се закани дека ќе преземе „мерки без колебање“ ако биде докажано дека имало „неправилности“ или „грешки“.

Министерството за образовение соопшти дека новите учебници ќе бидат дистрибуирани во училиштата, откако ќе заврши тендерот и оти институцијата прави се што е потребно за да се заврши побрзо.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година