Во Романија регистриран земјотрес од 4,4 степени

Од:

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала утрово во 7 часот и 42 минути по локално време ја погоди областа Бузау во Романија.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 144 километри, на околу 68 километри источно од Брашов, односно на 137 километри североисточно од Букурешт.

Од почетокот на декември во Романија се случија 14 земјотреси со јачина од два до 4,1 степени според Рихтеровата скала. Најсилниот земјотрес годинава во таа земја се случи на 3 ноември и беше со магнитуда од 5,4 степени според Рихтеровата скала, пренесе Аџерпрес.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Романците пред нов историски „референдум“