Во Романија приведени 22 лица заради измами во здравствениот систем

Од:

Романската полиција приведе 22 луѓе од кои половината се лекари заради оштетување на здравствениот систем за 640 илјади долари кои ги присвоиле на име рефундирање трошоци за непостоечки медицински анализи.

Во измамата учествувала мрежа во која биле директори на две медицински лаборатории во Букурешт.

Тие барале рефундирање на трошоците за 14.000 анализи кои никогаш не ги извршиле, а потоа поделувале пари на сите во мрежата.

Лекарите добивале по 10 отсто.

За измамата се обвинети 42 лица, но Суд во Букурешт обвинил само 22 лица. Обвинителите досега сослушале повеќе од 800 пациенти чии имиња се користени во измамата.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Романците пред нов историски „референдум“