Во Романија откриена мрежа за илеглана имиграција

Од:

Во Романија е откриена голема мрежа за илегална имиграција која им овозможувала на странците од африканските и азиските земји незаконски да влезат во Западна Европа, соопштија романските власти.

Неименуван романски претставник изјави илегалната мрежа им овозможила на неколку стотици државјани на Пакистан, на Авганистан, на Бангладеш, на Сирија, на Сомалија и на Камерун влегле во шенген зоната без визи.

Полцијата по пет месечно следење уапси тројца пакистански државјани и двајца Романци осомничени за формирање на „мрежата за организиран криминал и шверц на странци“.

Имигрантите плаќале ид 1.400 до 1.600 евра. Тие со камиони биле префрлани во Унгарија, а потоа во земјите од шенген зоната.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Романците пред нов историски „референдум“