Во Романија намалена годишната инфлација на 4,56 проценти

Од:

Годишното ниво на инфлација во Романија е намалено на 4,56 проценти во ноември 2012 година од 4,96 отсто во октомври, покажуваат податоците на Националниот институт за статистика.

Во ноември цените се зголемени за само 0,04 проценти во однос на октомври во услови на поскапување на преханбените производи за 0,29 отсто, додека цените на стоките се намалени за 0,10 проценти, а на услугите за 0,14 отсто.

Просечното месечно ниво во првите 11 месеци изнесува 0,4 проценти во однос на нивото до 0,3 отсто во истиот период минатата година.

Прогнозата на Националната банка на Романија за нивото на инфлација е 5,1 процент до крајот на 2012 година и 3,5 отсто на крајот на 2013 година.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Романците пред нов историски „референдум“