Во регионалниот парламент во Барселона поднесено нацрт-решение за процедура за отцепување на Каталонија од Шпанија

Од:

Две партии кои се за независност на Каталонија, поднесоа во регионалниот парламент во Барселона нацрт-решение за почнување процедура за отцепување од Шпанија и формирање нова републиканска држава Каталонија.

Предлогот беше поднесен денеска од сојузот Заедно за Да, кои добија 62 места во 135-члениот локален парламент на изборите во минатиот месец, и од радикалната партија Кандидатура за народно единство кои добија 10 места.

Датум за гласање не е определен.

Во проектот се повикува парламентот да прифати до 30 дена закони кои ќе овозможат сегашната автономна провинција да пристапи кон прифаќање посебен устав, сопствен систем за социјално осигурување и сопствено министерствоз а финансии.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска изјави дека ќе ги искористи сите средства за зачувување на суверенитетот на Шпанија додавајќи дека одлука за независност на Каталонскиот парламент нема да има правен ефект.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата