Во протестите во Ирак загина еден полицаец, четворица повредени

Од:

Најмалку еден припадник на ирачките безбедносни сили загина во насилните протести кои продолжија во текот на ноќта во Багдад.

Ирачката војска соопшти дека најмалку еден полицаец е убиен, а четворица се ранети кога кон нив пукале непознати напаѓачи во Садр Сити, каде претходната ноќ во судирите загинаа 15 лица.

Групите се собраа на плоштадот во текот на ноќта, а меѓу нив имаше и членови на семејствата на убиените демонстранти, соопшти локалната полиција.

Тие палеа гуми пред зградата на Општинскиот одбор и судницата на плоштадот Мудхафар, а потоа испукаа истрели кон полициските сили.

Повеќе од 110 Ирачани се убиени, а 6.000 повредени во последната недела откако во Багдад и други градови се одржуваат протести против ирачката Влада и корупцијата во земјата

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак