Вооружените специјални сили го затворија автопатот Престон – Лондон во двете насоки за да запрат автобус во кој се наоѓал „сомнителен патник“.
Полицијата не даде детални информации, но компанијата „Мегабус“, чиј автобус е под полициски надзор потврди дека акцијата е поврзана со еден патник кој патувал во автобусот и бил потенцијална закана за животот на останатите. Во автобусот имало 48 патници, вклучувајќи и една жена со дете.
Би-Би-Си објави дека според неименуван извор, еден патник истурил некоја непозната материја во автобусот која почала да создава пареа.Воздушните снимки покажуваат дека сите патници се седнати на земја, одвоени едни од други.
Повеќе информации за филмското сценарио на британската полиција се уште нема, освен што овој инцидентот се случи во време кога Велика Британија се подготвува за подобрување на безбедносните мерки пред претстојните Олимписки игри.