Во последните три седмици Индија со најголем дневен пораст на заболени

Од:

Индија брзо станува нов епицентар на коронавирусот во светот, откако три седмици по ред пријавува најголемо дневно зголемување на нови случаи на Ковид-19 во светот. Експертите предвидуваат дека наскоро ќе го надмине Бразил, а, во некој момент, и САД, како најголемо жариште на епидемијата на светот.

Во последните 24 часа земјата регистрираше 78.357 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број заразени од почетокот на пандемијата во таа земја надмина 3,7 милиони лица.

.Министерството за здравство денеска соопшти дека 1.045 лица починале како резултат на коронавирус во изминатите 24 часа, што е вкупно 66.333 од избувнувањето на пандемијата. Според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс, Индија е трета земја во светот според бројот на смртни случаи.

На сегашната траекторија, епидемијата во Индија ќе го престигне Бразил за неколку дена и САД за околу два месеци. И за разлика од САД и Бразил, растот на случаи во Индија сè уште се забрзува, седум месеци по објавувањето на првиот случај на коровавирус на 30 јануари. Патогенот допрва ќенавлезе во огромните рурални области, каде живее најголемиот дел од 1,3 милијарди жители, по скокот на случаи во пренаселените метрополи.

Би можело да ве интересира

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март