Во последните 24 часа во Јемен загинаа повеќе од 140 лица

Од:

Во последните 24 часа во судирите во Јемен меѓу побунетите Хути и војниците лојални на претседателот Абедрабо Мансур Хади погинаа повеќе од 140 лица, соопштија официјални претставници на оваа земја, пренесува агенцијатa Фена.

Најтешки судири се регистрирани во Аден, каде бунтовниците се обиделе да го освојат пристаништето. Француските медиуми јавуваат дека во овие судири кај пристаништето загинале 53 лица.

Во борбите што во текот на ноќта се воделе во градот Далех, северно од Аден, погинале 18 Хути и 15 лојалисти. Во меѓувреме, армиските сили ја опколуваат базата во Абијан во која е сместена воената бригада лојална на поранешниот претседател Али Абдулах Салех, кого го обвинуваат дека ги поддржува Хутите.

Во воздушните напади на коалицијата, предведена од Саудиска Арабија, врз воздухопловната база Ал-Анад и воениот камп во Лахџ погинале 10 бунтовници, а значително поголем број жртви има во покраината Шабва.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст апелира за моментално примирје за да се олесни испораката на помош и побара итно отворање на сите копнени, воздушни и поморски патишта за да може да се испорачаат 48 тони медицинска опрема што ќе овозможи третман за околу 3.000 ранети. Црвениот крст, исто така, се обидува да упати тим хирурзи во Аден, но за тоа се уште не доби одобрение од судрените страни.

Во меѓувреме Русија од Советот за безбедност на ОН побара да се издејствува хуманитарен прекин на воздушните напади што ги спроведува коалицијата што ја сочинуваат Саудиска Арабија, пет земји од Заливот, Египет, Јордан, Мароко и Судан.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида