Португалската полиција заплени 1,15 тони кокаин на еден брод во близина на остовот Фајал, дел од Азорските Острови.
Во полицискиот соопштение се наведува дека во операцијата уапсени се петмина мажи на возраст од 29 до 54 години, но не се открива нивната националност.
– Тоа е најголема заплена на кокаин на Азорските острови. Акцијата е дел од голема операција за откривање и разбивање на организирани криминални групи кои шверцуваат кокаин во Европа, посочи португалската полиција.
Во Португалија во ноември 2005 година запленети се рекордни 6,1 тони кокаин, при што се уапсени шестмина Французи и еден Колумбиец.