Во Португалија враќаат рестрикциите поради бран од „делта“ инфекции

Од:

Португалија ги враќа ограничувањата откако странски туристи предизвикаа зголемување на нови инфекции со Ковид-19 само по еден месец откако се отвори државата за патувања. Новите мерки ќе бидат воведени во регионот на Лисабон и во туристичкиот Алгарве Албуфеира, познат по своите плажи.

Властите се обидуваат да ја забрзаат вакцинацијата што е можно повеќе за да се ограничи ширењето на инфекцијата. Повеќе од половина од случаите во Лисабон се од варијантата Делта, што е раширена во Велика Британија. Португалија беше единствената европска земја што се отвори за британските туристи со негативен тест против Ковид-19.

Од 15 часот денеска до 6 часот наутро в понеделник, луѓето мораат да покажат негативен тест или потврда за вакцинација за да влезат и да го напуштат Лисабон.

Ресторани, кафулиња и продавници за храна во Лисабон и Албуфеира ќе бидат отворени до 15:30 часот за време на викендите, а супермаркетите и продавниците за храна – до 19 часот.

Новите случаи на коронавирус се зголемија за 1.566 вчера, најголем скок од крајот на февруари, кога државата, со нешто повеќе од 10 милиони луѓе, беше во блокада. Португалија регистрирала 869.879 случаи и 17.079 смртни случаи од почетокот на пандемијата

Триесет отсто од населението е целосно вакцинирано.

Би можело да ве интересира

Тринаесет фудбалери на португалскиот Белененсес заразени со Oмикрон сојот на коронавирус

Во Португалија, практично, не остана никој за вакцинирање

Шпанија најави продолжување на контролата на границата со Португалија

Шпанија и Португалија привремено ги обновија граничните контроли поради Ковид-19

Португалија ги затвора училиштата и факултетите поради Ковид-19

Рекордна смртност во Португалија, повторно „затворање“ на земјата

А1он