Во Португалија уапсен Црногорец осомничен за шверц на 400 килограми хероин

Од:

Четириесетгодишен државјанин на Црна Гора е уапсен во Португалија поради сомнеж дека шверцувал 400 килограми хероин, вреден околу 20 милиони евра, Објави подгорички Дан“.

Во акцијата, уапсен е и 58-годишен Италијанец.

Кокаинот, со голема чистота, како што наведува весникот, е откриен на брод (едрилица) што доаѓал од Карибите. Едрилицата била запрена од страна на припадници на крајбрежната стража на Португалија. За време на претресот на бродот, на кој биле Италијанецот и државјанинот на Црна Гора, пронајдена е торба со 400 килограми дрога.

Во овој меѓународен шверц, според португалските медиуми, вмешани се и луѓе од Латинска Америка.

Тоа е најголемата заплена на дрога во оваа земја годинава.

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија