Во Португалија регистрирани 170 пожари

Од:

Четири населени места се евакуирани во Португалија поради големиот број шумски пожари.

Според податоци на португалската Служба за цивилна заштита, повеќе од 2.100 пожарникари гаснат пожари на 170 места на целата територија на земјата. За гаснење на пожарите ангажирани се вкупно 680 противпожарни возила и 15 авиони.

Најтешка е ситуацијата во општината Абрантеш, на околу 130 километри североисточно од Лисабон. Од тој регион вчера се евакуирани жителите на четири села.

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија