Повеќе од 400 луѓе загинаа, а 600 се водат како исчезнати во поплавите во Сиера Леоне, соопшти денеска Црвениот крст.
– Денеска броиме повеќе од 400 загинати, изјави во Женева претседателот на здружението на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Елхаџ Ал Си.
Досега се пронајдени 409 безживотни тела, а населението и понатаму трага по исчезнатите и стравува од ново лизгање на земјиштето.
Властите ги предупредија луѓето да се евакуираат од планинскиот дел, каде се појави голема пукнатина.
Според метеоролозите и следните денови се очекува дожд.