Во Полска уапсен маж кој планирал атентати врз највисоките политичари

Од:

Полската полиција успеала да спречи бомбашки напад врз највисоките претставници на Полската Република, ги пренесоа чешките медиуми информациите од Варшава.

Според првите сознанија се претпоставува дека целта бил Парламентот или претседателот на државата Бронислав Коморовски.

Според полското Државно обвинителство, осомничениот напаѓач бил уапсен во градот Краков, на југот на земјата.

Полскиот телевизиски канал, ТВН24 повикувајќи се на доверливи извори информираше оти случајот бил сериозен, бидејќи подготовките за атентатите биле во напредната фаза.

Полската служба за контраразузнавање, денеска најави прес конференција на која ќе информира за деталите.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците