Во Полска се продаваат новороденчиња за 500 евра

Од:

Во Полска е можно речиси неказнето да се купи новороденче и тоа за само 480 евра, пренесоа чешките медиуми, повикувајќи се на полскиот неделник „Њусвик“, кој оценува дека овој „бизнис“ цвета на Интернет.

Легалната трговија со бебиња, како што јави дописникот на МИА од Прага, е овозможена со последните измени и дополнувања на Кривичниот законик (КЗ) со кој продажбата на новороденчиња не е опфатена во категоријата трговија на луѓе и следствено не е казнива.

Според измените во КЗ, за кривично дело се смета продажбата на луѓе со цел да се искористи нивниот труд, за просење, проституција или поради порнографија.

– Во изменетиот Закон, нема ниту збор за казна за лицето, кое продало или купило новороденче за да го одгледува и воспитува. Што значи ако не е забранета активноста, не е ниту казнива, пишува неделникот.

Таквиот правен вакуум придонесува за неконтролирано зголемување на трговијата со бебиња во Полска во последно време.

Огласите за купување или продавање на бебињата се објавуваат на интернет иако во нив не се споменуваат конкретни цени.

Репортерите на „Њусвик“, кои покажале фиктивен интерес за купување деца, откриле дека тоа е возмжно за околу 480 евра, додека сурогат-мајка ги понудила своите услуги за 1.600 евра, со можност за плаќање и на рати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Верижна сообраќајка на автопат во Полска, се запалиле автомобили, четворица загинати и 12 повредени

Туск предупреди дека иднината на демократијата во ЕУ зависи од одговорот на миграцијата

Горан Наумовски

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Полска привремено ќе го суспендира правото на азил

A1on

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски