Во Полска првпат извршена трансплантација на лице

Од:

Лекарски тим во Полска првпат изврши трансплантација на лице врз еден 33-годишен маж, кому машина за сечење камен му ампутирала дел од лицето и вилицата, јави дописникот на МИА од Прага.

Операцијата која заради тешките повреди и заради опасноста по живот на пациентот требало да биде итно извршена, без претходни подготовки, траела 27 часа.

Според шефот на оперативниот тим Адам Мацијевски, од онколошкиот центар во Гливице, на југот на земјата, се работи за прва трансплантација на лице во Полска и истовремено прва трансплантација во светот које е извршена со цел да се спаси човечки живот.

Без брзата интевенција повредениот имал малку шанси да преживее, бидејќи поради повредите не можел да јаде, имал тешкотии со дишењето и му се заканувала опасност од инфекции.

Еден од првите лекари во светот кој извршил успешна целосна трансплантација на лице е Чехот Бохдан Помахач кој живее во САД.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците