Во Полска пристигнаа првите американски тенкови „Абрамс“

Од:

Првите американски тенкови „Абрамс“ на кои ќе се обучуваат војниците од полската армија, пристигнаа во Полска, објави на Твитер министерот за одбрана Мариуш Блашчак.

Според министерот, на овој начин Полска ќе биде подготвена, кога ќе пристигнат и првите нови тенкови од серијата од 250, за што земјата има склучено договор.

„Полска ќе располага со современа, моќна сила, за да го изненади агресорот во случај на закана“, пишува во соопштението.

Договорот за купопродажбата на тие 250 нови тенкови „Абрамс“, потпишан на 5 април, е во вредност од 4,75 милијарди долари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух