Во Полска откриена гробница со 450 обезглавени вампири

Од:

Масовна гробница со повеќе од 400 наводни вампири е откриена за време на градежни работи во Полска. Во селото Лужино на североистокот на земјата е направено страшно откритие, а досега се потврдени околу 450 скелети со отсечени глави и ставени меѓу нозете, со паричка во устата.

Тоа е практика која била вообичаена во 19 век, а се верувало дека оваа постапка го отстранува „вампирското проклетство“.

Археологот Мачеј Стромски изјави дека ова е откритието на масовна гробница на оние за кои се верува дека излегле од гробовите по смртта, па мештаните им ги отсекле главите за да спречат понатамошни обиди да се „разбудат од мртвите“, пишува Дејли Мејл потсетувајќи дека станува збор за слични откритија забележани и во Полска минатата година.

Меѓу телата биле пронајдени и скелети од женски „вампири“. Во една гробница е пронајден череп на мало дете. Исто така, во околу триесет проценти од гробовите имало „огради“, односно тули околу нозете, рацете и главата на мртвите, за да не избегаат.

Би можело да ве интересира

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Полското обвинителство обвини Украинец за шпионажа за Русија

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани