Аргентинската полиција заплени над 3 тони марихуана, јави ДПА. Дрогата била скриена во камион во северната провинција Кориентес, близу границата со Парагвај.
Уасени се три лица, јавуваат локални медиуми.
Камионот натоварен со 3.272 килограми марихуана во 141 пакет бил паркиран крај погранична река. Полицијата запленила и моторен чамец што служел за префрлање на дрогата преку реката.