Германскиот канцелар Ангела Меркел ќе допатува во Јапонија за да разговара со премиерот Шинѕо Абе во почетокот на март, соопшти јапонската Влада.
Абе и Меркел ќе разговараат за борбата против тероризмот, украинскиот конфликт и билатерални прашања.
– Меркел за нас е еден од најважните лидери во Европската унија и меѓународната заедница, изјави портпаролот Јошихиде Суга.
Меркел планира да се сретне со Абе на 9 март за време на дводневната посета. Предвидена е и средба со императорот Акихито.