Во Пекинг почнува самитот на АПЕК

Од:

Средбата на лидерите на земјите-членки на Азиско-Пацифичка економска соработка (АПЕК) денеска почнува во главниот град на Кина, Пекинг.

Домаќин на средбата, на која ќе присуствуваат лидерите на 21 држава, е кинескиот претседател Кси Џинпинг. Меѓу присутните ќе бидат и рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Барак Обама.

Дводневната средба во Пекинг е посветена на зајакнување на соработката, поголема економска интеграција и нови трговски правила.

Водечки земји во АПЕК се САД, Кина и Јапонија. Регионот придонесува приближно половина од светската трговија и 57 проценти од светскиот бруто домашен производ.

Самитот на АПЕК е најголем меѓународен настан во Пекинг по Олимписките игри во 2008 година.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он