Во Пекинг нема одбележување на 50-годишнината од Културната револуција

Од:

Педесет годишнината од почетокот на Културната револуција во Кина, која предизвика хаос во земјата во следните неколку децении, поминува со целосно премолчување од државните медиуми во земјата, јави Би-Би-Си.

На 16 мај 1966 година, тогашниот комунистички лидер Мао Цетуннг започна кампања за пресметка и елиминација на своите политички противници во КП Кина и ги повика младите да го „прочистат“ кинеското општество.

Уследи период на жестоки внатрешни идеолошки пресметки и политички чистки, предизвикувајќи десетгодишни потреси и крвопролевања, што завршија со смрта на Мао Цетунг, во 1976 година.

Кинеските државни медиуми, традиционално, го одбележуваа денот на почетокот од Културната револуција, како дел од кинеската историја, но денеска нема ништо за тоа во медиумите во Пекинг.

Датумот е целосно „заборавен“ па медиумите се занимваат со состојбите во Јужното Кинеско Море и со домашните прашања.

Во Пекинг нема најава дека дека ќе има какво било официјално одбележување на Културната револуција, која целосно ја оддели Кина од остаткот на светот.

Само медиумите во Хонг Конг кои имаат поголеми слободи од кинеските, потсетуваат на денешниот ден од пред половина век. Револуцијата се означува како најхаотичниот период од поновата кинеска исторја, иако аналитичарите забележуваат дека во Кина се уште има заложби за левичарските идеали од пред 50 години.

Мао Цетунг ги покрена младите да се пресметуваат со „старите“ па се случуваше децата да се најдат против своите родители, а учениците и студентите против учителите и професорите и против интелектуалците воопшто. Тоа предизвика хаос во општеството и уништување на образованите и на сите културолошки вредности.

Би можело да ве интересира

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина