Во Париз нов Самит за борба против климатските промени

Од:

Точно две години откако на Меѓународната конференција на ОН за климатските промени беше усвоен историскиот Договор за борбата против глобалното затоплување, десетици светски челници ќе се сретнат утре во Париз, со цел да ги забрзаат напорите кои се преземаат во тој правец.

Самитот Една планета (One Planet Summit), организиран на предлог на Франција, во соработка со ОН и Светска банка, а откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги повлече САД од тој Договор, ќе биде посветен на клучното прашање за финансирање: како да се насочат светските пари во инвестициите кои се добри за животната средина и како да им се помогне на јужните држави.

Пеесетина шефови на држави или влади ќе допатуваат на островот Сегин на Сена, во западното предградие на Париз. Mеѓу нив ќе бидат и претседателот на Мексико, Енрике Пења Нијето, британската премиерка Тереза Меј, претседателот на Еврокомисијата Жан-Клод Јункер, претседатели на африкански држави, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш… Големите загадувачи ќе бидат претставени од дипломати на пониско ниво, како во случајот на Кина, Индија или Канада.

Би можело да ве интересира

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина