Во Париз денеска стапи на сила забраната за изнајмување на електрични тротинети како одговор на зголемениот број повредени и загинати во несреќи предизвикани во француската престолнина.
Речиси 90 отсто од оние кои учествуваа на гласањето во април за ова прашање беа за забраната, па Париз стана еден од првите престолнини каде што беше забрането да се изнајмува електричeн тротинет.
Компанијата „Дот“, која изнајмуваше тротинети во Париз, објави дека ги испраќа своите тротинети на места каде се потпишани нови тендери, вклучително и во Бордо, но и низ цела Белгија.
Портпаролот на компанијата изјави дека ја зголемува својата флота на електрични велосипеди, која се надева дека ќе ја прошири во предградијата на Париз пред Олимпијадата, која треба да започне во јули следната година.
Намалувањето на застојот на автомобилите и правењето на градот целосно достапен за велосипеди беа некои од клучните приоритети на градоначалничката на Париз, Ан Идалго, која во 2022 година објави планови за забрана на повеќето автомобили од неколку централни области, со пристап само за пешаци, велосипеди, јавен превоз и одредени дозволени автомобили.