Во Париз дејствува огранок на ИД со околу 200 членови

Од:

Во Париз дејствува огранок на радикалната групација Исламска држава, изјави ирачкиот заменик-министер за внатрешни работи, Аднан ал Асади.

Според Асади, кој учествува на седница на Интерпол во Монако, ирчакото и француското разузнавање ја следат групацијата.

– Бројот на членовите на огранокот достигна 200 лица, изјави Асади.

Тој нагласи дека ирачкото и француското разузнавање пред околку една недела спровеле заедничка операција.

Асади не изнесе повеќе детали за огранокот, како на пример за националноста на неговите членови или дали властите извршиле апсења.

ИД контролира големи територии во Сирија и Ирак и покрај воздушните напади на меѓународната коалиција, предводена од САД. Во редовите на екстремистите има и граѓани од Европската унија.

Би можело да ве интересира

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето