Во Памплона прободен авторот на водичот за преживување на трката со бикови

Од:

Меѓу двајцата потешко повредени мажи во вчерашната трка со бикови во Памплона, е и 32-годишниот Американец, кој го напиша водичот за преживување на трката со бикови.

Третиот ден од фестивалот Сан Фермин повредени се пет лица, од кои две потешко. Пред влегувањето во арената во градот каде завршува трката, еден од шесте бикови се одвоил од другите и тргнал кон учесниците во натпреварот.

Бикот Бревито, тежок 600 килограми, јурнал на двајца натпреварувачи и еден го прободел во градниот кош, а другиот во бедрото, односно Американецот Бил Хилман, авторот на водичот за преживување на трката.

Хилман, кој десет години по ред учествува во тргката со бикови во Памплона, минатиот месец ја објави книгата „Како да се преживат биковите во Памплона“ која ја напиша заедно со Џон Хемингвеј, внук на славниот писател Ернест.

Трката секоја година привлекува илјадници странци и Шпанци во Памплона. Почетоците на оваа свеченост датираат од средниот век, кога ги обединуваше верските светости во чест на свети Фермин, заштитник на Навара, традиција на трговските саеми и кориди.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата