Во Пакистан, кој е погоден од поплави, дождовите го оштетија археолошкиот локалитет Мохенџо Даро

Од:

Во Пакистан, кој е погоден од поплави, каде што во сезоната на монсуните загинаа стотици лица, дождовите сега му се закануваат на познатиот археолошки локалитет стар 4.500 години, изјави највисокиот претставник на локацијата.

Урнатините Мохенџо Даро, лоцирани во јужната провинција Синд во близина на реката Инд и дел од светското наследство на УНЕСКО, се сметаат за едни од најдобро зачуваните урбани населби во Јужна Азија.

Откриени се во 1922 година и до ден денес постои мистерија околу исчезнувањето на неговата цивилизација, што се совпадна со цивилизациите на древниот Египет и Месопотамија.

Надојдените води на Инд, главната река во овој дел од светот, предизвикаа хаос поради обилните дождови во поголемиот дел од Пакистан. Најмалку 1.343 луѓе загинаа, а милиони ги загубија своите домови во надојдените води.

Поплавите не го погодија директно Мохенџо Даро, но рекордните дождови ги оштетија урнатините на античкиот град и „неколку големи ѕидови, изградени пред речиси 5.000 години, се урнаа“ поради монсунските дождови, рече кустосот на локацијата Ахсан Абаси.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица