Комитетот за мир, специјално избран од норвешкиот парламент, денеска во Осло ќе го објави името на добитникот на Нобеловата награда за мир.
Наградата лани и беше доделена на Светската програма за храна на ОН. На 1 март, Нобеловата фондација објави дека вкупно 329 кандидати биле номинирани за годинашната Нобелова награда за мир. Норвешкиот комитет за мир нема навика да ги открива имињата на кандидатите на медиумите или на самите кандидати.
Наградата за мир се доделува во Осло, за разлика од другите Нобелови награди што се доделуваат во Стокхолм, и традиционално се доделува на 10 декември.