Во Њујорк уапсен возрасен маж кој се заканувал дека ќе го убие поранешниот претседател Трамп

Од:

Во Њујорк денеска е успен возрасен маж (72), кој во повеќе наврати ги предупредувал американските власти дека планира да го убие Доналд Трамп пред или по претседателските избори во ноември 2020 година, соопшти обвинителството.

Томас Велницки „свесно и намерно му се заканил дека ќе го убие, киднапира и ќе му нанесе телесни повреди“ на поранешниот американски претседател, соопшти обвинителството.

Велнички, кој беше уапсен од членови на Тајната служба, агенцијата одговорна за заштита на американските претседатели и потпретседатели, треба да биде испрашан во текот на денот.

Уапсеното лице, од 24 септември до 2 декември 2020 година, најмалку три пати се јавило во канцеларијата на Тајната служба во Њујорк, кажувајќи им дека имал намера да го убие Трамп и побарал информации за заштита на поранешниот американски претседател, додавајќи дека поседува оружје за таа цел.

-Ќе сторам се што можам за да се уверам дека е мртов, кажал Велицки во еден од телефонските разговори во кој Трамп го споредил со нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата