Во насилство во Ирак загинаа 50 лица

Од:

Во меѓуетничкото насилство ширум Ирак денес загинаа околу 50 лица, четириесет во судирот на антирежимските демонстранти и безбедносната сила во провинцијата Киркук и најмалку седум лица во бомбашкиот напад на јужниот дел во Багдад.

Демонстрантите бараат оставка од шиитскиот премиер Нуриј ал Маликиј, како и подобар однос од власта кон сунитската заедница.

Насилството изби утрово, кога припадниците на безбедносната сила влегле во подрачјето близу градон Хавиџа, каде што демонстрантите се собираат од јануари, изјави едно воено лица, истакнувајќи дека во судирот загинале 27 лица, а седумдесет лица се повредени.

По тоа настапиле осветнички напади на вооружената група на војската, во која беа убиени 13 лица.
Во истиот момент на јужниот дел на Багдад загинаа најмалку седум лица во експлозија на две бомби кои што биле поставени покрај патот, а чија мета биле сунитските верници кои што се враќале од џамија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак