Во напади во Јемен убиени пет осомничени членови на Ал Каеда

Од:

Во напад со беспилотно летало, за кој локалните власти во Јемен сметаат дека го извршиле САД, загинале пет осомничени припадници на огранок на Ал Каеда.

Нападот е извршен источно од јеменскиот главен град Сана. Погодено е возило кое превезувало оружје од местото Јакла, во провинцијата Баида. Според воени извори, возилото му припаѓало на познат локален лидер на јеменскиот огранок на Ал Каеда на Арабискиот полуостров, кого САД го сметаат за најопасен огранок на таа терористичка група.

Денешниот инцидент следи еден ден по извршен сличен напад, во кој се убиени тројца осомничени припадници на јеменската група во јужната провинција Шабва, која била главна мета на американската војска.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен