Најмалку 25 сириски бунтовници се убиени во напад врз импровизирана воена база на северот од Алепо, а убиени се и девет армиски војници, соопштија денеска набљудувачите на сирискиот Центар за мониторинг на човековите права.
Тие наведоа дека меѓу погинатите има и тројца високи команданти на бунтовниците.
Сириската агенција САНА пренесе дека„ владините сили убиле и раниле извесен број терористи во западниот дел од градот“.
Како што набљудувачите регистрираа, во западните предградија на Алепо утринава продолжиле спорадичните борби, авионите на регуларната војска бомбардираат, а бунтовниците истрелуваат ракети врз позициите на оние кои се лојални на државниот режим.
Сирија некогаш беше економска сила, а Алепо денеска е град опустошен од борбите и поделен на западен дел, што го контролира власта, и на источен дел, што е под контрола на бунтовниците, пренесуваат француските медиуми.