Во напад врз цивилен конвој во Конго убиени 16 лица

Од:

Вооружени напаѓачи, за кои се претпоставува дека се припадници на Хуту милицијата, во националниот парк Вирунга во источниот дел на Демократска Република Конго, убија 16 луѓе.

Меѓу убиените, 12 се припадници на обезбедувањето на паркот, соопштија властите во ДР Конго.

– Околу 60 борци на организацијата наречена Демократски сили за ослободување на Руанда од заседа нападнаа цивилен конвој, кој бил обезбедуван од 15 чувари на паркот, а голем број луѓе се тешко повредени, изјави директорот на конгоанскиот Институт за заштита на природата, Косма Вилунгула.

Според западните медиуми, овој напад е најсмртоносен во поновата историја на националниот парк, кој претставува популарна туристичка атракција.

Би можело да ве интересира

Екстремисти упаднаа во затвор во Конго и ослободија 900 осудени

А1он

Најмалку 50 млади лица загинале во хаварија во рудник за злато во Конго

Во Конго во моментов има епидемија на Ковид-19, чума и ебола

Жарко Настоски

СЗО: Еболата се шири во западно Конго

Ана Ололовска

Пет жени мелески од Конго ја тужат Белгија за злосторства против човештвото

Ана Ололовска

Конго прогласи крај на епидемијата на ебола на истокот од земјата

Жарко Настоски