Во напад во Ирак убиени седум лица

Од:

Најмалку седум лица меѓу кои и муслиманскиот свештеник, шеикот Талиб Зувајид денес се убиени во нападите во Багдад и градот Фалуџи на север на Ирак, соопшти полицијата.

Според полицијата Зувајид бил еден од организаторите на сунитските демонстрации, кои еднаш неделно се одржуваа во последните три месеци, против мнозинската шиитска влада, но се уште не е потврдено дека убиството има врска со протестите.

Истовремено во претстолнината, во два бомбашки напади убиени се четири лица, додека 14 се повредени.

При експлозија на бомба поставена на полициски автомобил, загинаа еден полицаец и случаен минувач, додека пет лица се повредени, пренесе „Асошиејтед прес“.

Во другиот дел на градот, бомбаш самоубиец активира експлозивна направа во свој автомобил на воен контролен пункт, при што повреди девет лица од кои четири цивили.

Полицијата и војската во Ирак се омилена мета на екстремистите, потсети американска агенција.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак