Вооружени напаѓачи денеска упаднале во сунитска џамија во Багдад и убија пет, а повредија две лица, соопшти ирачката полиција.
Напаѓачите отвориле оган врз верниците за време на молитвата.
Поголемиот број напади во последните години во Ирак се извршени од сунитските екстремистички групи. Но, во последните месеци зачестија нападите врз сунитските џамии, што е индикатор дека шиитски вооружени групи се осветуваат.