Во напад на припадници на Ал Каеда убиени најмалку 12 јеменски војници

Од:

Најмалку 12 војници се убиени, а повеќемина се повредени денеска во напади на припадници на терористичката мрежа Ал Каеда врз јеменската армија во провинцијата Шабва, во јужниот дел на Јемен.

Јеменската армија од крјаот на април се бори против џихадистите во јужниот дел на земјата.

Екстремисти со автоматско оружје извршиле напад на контролен пункт во близина на селото Бајхан, при што се убиени 12 војници, а повеќемина се повредени, изјави неименуван воен претставник.

Јеменската армија предводи голема офанзива против припадниците на Ал Каеда во Шабва и соседната провинција Абјан.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен