Во напад на израелските сили врз Рамала загина 16-годишно момче

Од:

Израелските сили упаднаа во Рамала, окупираниот административен центар на автономната палестинска територија на Западниот Брег и во тој напад убија 16-годишно момче од бегалски камп.

Упадот на Израел во Рамала е најголемиот напад врз овој град во последните години, соопштија денеска палестински извори, пренесува Ројтерс.

Очевидци на израелскиот напад на Рамала потврдија дека израелските сили донеле десетици воени возила во градот каде се наоѓа седиштето на палестинската управа на чело со претседателот Махмуд Абас.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека израелските сили го застрелале и го убиле 16-годишниот Мустафа Абу Шалбак за време на рацијата на бегалскиот камп Амарија, а палестинската новинска агенција ВАФА објави дека израелските сили упаднале во кампот „пукајќи со боева муниција врз палестинската младина“.

Би можело да ве интересира

Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски напади врз Газа

А1он

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа