Најмалку 100 цивили се убиени за време на викендот во руралниот дел на северот на Буркина Фасо, потврдија денеска локални безбедносни извори, пренесуваат британските медиуми.
Вооружениот напад се случил во пограничните области кон Нигер, каде се побунети екстремисти поврзани со Ал Каеда и Исламската држава.
Бројот на загинатите не е официјално објавен, а според некои извори загинале 165 цивили.
Претходно денеска Обединетите нации го осудија нападот и ги повикаа властите да ги изведат сторителите пред лицето на правдата.
Извор: МИА