Во напад на беспилотно летало на САД убиени тројца терористи во Јемен

Од:

Тројца членови на терористичката мрежа Ал Каеда се убиени во нападот на американско беспилотно летало во јужниот дел на Јемен, изјавија јеменските безбедносни претставници, додавајќи дека ова е четврти по ред сличен напад во земјата оваа недела.

Според официјални лица, тројцата мажи се убиени додека се возеле по патот во покраината Рада ин Бајда.

Десетици локални борци поврзани со Ал-Каеда протестираа поради нападите на беспилотните летала после традиционалните исламски петочни молитви.

Исто така во областа Рада, во напад на беспилотно летало, минатата недела, беа убиени двајца терористи, а уште седум во два напади во југоисточната провинција Хадрамавт.

Четири напади со беспилотни летала во една недела не е вообичаена појава во Јемен, пренесе АП.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен